May 13, 2015

Епизода 18: Малиот принц


Понекогаш сме кукавици, егоисти и дозволуваме паниката да не ослепи. Понекогаш не погледнуваме што не опкружува и сме способни да гледаме што се случува само пред нашиот нос. Мислиме дека правиме добро, но повредуваме уште повеќе.

-Мери! - Химе ја викаше од надвор. Ќерка и беше потпрена на прозорот со тажен израз. - Ќерко! - тој извик ја разбуди и се стрча за да се поздрави.

-Мамо - ја гушна силно - веќе си одите?

-
Да, мораме да стигнеме на аеродром - двете се погледнаа тажно - чувај се. Не прави многу лудории, и секогаш биди покрај товите браќа. - изгледаше на подолго збогување - Не заборавај дека те сакам и дека се' што сум направила и ќе правам во живото е за вас.
-Знам, и јас те сакам. - повторно се гушнаа - Но не се збогувај како да нема да се видиме. Ќе умрам ако не се видиме пак... - во тој момент Химе го виде Пабло.
-Дојди. - го викна нежно. Црнокосиот не се противеше и ги гушна двете. - Ве сакам многу. И тебе исто. - додаде кога виде дека и Гастон беше дел од прегратката - Чувај го добро овој паразит и секогаш бидете заедно. - кажа бришејќи ги солзите на Пабло - Не заборавајте дека најважното е да сте секогаш заедно. Ќе дојде денот кога јас и татко ви нема да сме повеќе со вас…

-
Мамо... -
Пабло ја прекина - не е потребно.

-
Да, потребно е. Ќе дојде моментот кога ние нема да сме повеќе, можеби ќе биде за триесет години или за секунда кога ќе сме во авионот. Никогаш не се знае, но слушајте ме добро, вие секогаш ќе се имате еден со друг. Во добро и лошо, во ред? -
тројцата потврдија и повторно ја гушнаа.

-Еј ,еј ова не е погреб! - веселиот глас на Николас ги прекина - Ние ќе уживаме на Карибите, а вие во Пинамар. Може ли  да е подобро? Треба да сте среќни! - кажа среќно.

-Тато е во право, треба да се живее моментот и да бидеме заедно. - додаде Гастон гушкајќи го Пабло.

-Одете тогаш, сега ќе тргне автобусот. Многу ве сакам. - ги баци тројцата во чело и се залепи за Пабло - Многу си храбар мал принцу. - му шепна на уво.

Тројцата се качија во автобусот, додека нивните родители одеа кон колата држејќи се за раце. Нивната дестинација беше центарот за борба против ракот. Химе ќе се бори до крај без да им каже на нив. Иако Пабло веќе знаеше.

0 коментари:

Post a Comment