-Добро деца, спремни сме. - Моторот на автобусот веќе работеше кога Еми се
качи со листа за да види дали се сите внатре.
На првите две седишта беа Росио и Еухе, која го држеше мразот врз ногата на другата и се смееше на чудните имиња што ги кажуваше сестра и за миленичето што ќе го земат на кампот. Како и секоја година.
Позади нив беа заспаниот Николас кој не ги извади наочарите и Агустин кој јадеше помфрит и ја читаше програмата на кампот.
На крај беа Пабло и Оливија, гушнати и тивко пеејќи. Тој ги имаше затворено очите и и го галеше образот. Кога ќе поминат неколку часа ќе и каже зошто е тажен.
Качувајќи се по скалите се гледаа Кандела, која не прекинуваше да фотографира,
заедно со Даки кои и помагаше да фотографира се'. Позади нејзе беше Бенха кој се
обдуваше да го следи Гастон свирејќи некоја песна. Двајцата свиреа и се смееа. На првите две седишта беа Росио и Еухе, која го држеше мразот врз ногата на другата и се смееше на чудните имиња што ги кажуваше сестра и за миленичето што ќе го земат на кампот. Како и секоја година.
Позади нив беа заспаниот Николас кој не ги извади наочарите и Агустин кој јадеше помфрит и ја читаше програмата на кампот.
На крај беа Пабло и Оливија, гушнати и тивко пеејќи. Тој ги имаше затворено очите и и го галеше образот. Кога ќе поминат неколку часа ќе и каже зошто е тажен.
Од другата страна беше Меме кој спиеше додека Мери го читаше последното издание на „Вог“ и од време на време го погледнуваше русокосиот со очи како небото.
Автобусот беше скоро полн. Имаше само три празни места.
-Рене, кој се нема качено во автобус?
-Сите се качија, Еми. - одговори збунета.
-Тогаш зошто има три празни места? - праша исплашено - Кои не стигнаа да се качат во автобус?
-Тобал. - одговори сериозно - Викторио ДеАлесандро, Хуан Педро ДеАлесандро и Мариана Кабре - Еми потврди молчејќи.
Ги знаеше, знаеше од каде доаѓаат и знаеше зошто доаѓаат. Ги познаваше Николас Кабре и Еухенија Тобал дури и зборуваше со нив пред да ги прими нивните деца на кампот. Ги знаеше лошите моменти на Хуан Педро, лошите навики на Викторио и бунтовноста на Мариана. И ги прифати и ургираше за нив пред директорите на Рокланд, бидејќи ги знаеше пред нивната темна епоха.
Како да го заборави нежниот Викторио, срамежливиот Хуан Педро веселата Мариана? Како да ги заборави првите забави во нивниот дом? Како да ги избрише деновите кои Мариана ги поминуваше со Еухе? Како да не се сеќава на моментите на Оли, Питер и Себас? Како да го заборави денот кога Вико и Канде станаа дечко и девојка?
Тобал не беа нови. Тие беа дел од историјата на Рокланд и дел од пријателската група на некои од децата кои патуваа. Тие три деца кои си заминаа без никаков мотив сега се враќаа, а мисијата беше да им се помогне да се вратат како што беа порано..
-Добро деца, од сега започнува летниот камп - зборуваше од микрофонот - патот ќе трае шест часа - тие што спиеа си ги затнуваа ушите, а тие што пееа ќутеа - обидете се да спиете и одморите затоа што овие два месеца нема да се мирни! - се чуја аплаузи - Добредојдовте!
Можеби тие три седишта беа празни но знаеше дека семејството Тобал кога тогаш мораше да се појави.
-И Тобал?
-Остави ги Рене, кога тогаш ќе дојдат. - Еми седна на совозачкото место и се насмеа. Летниот камп започна.

0 коментари:
Post a Comment