May 9, 2015

Епизода 17: Убавицата и ѕверот


Русокосата со очи боја на мед, слушаше музика на својот ајпод и ја имаше кренато ногата на седиштето на Еухе, ногата навистина ја болеше но повеќе ја болеше тоа што се скара со помалата сестра за глупост. Не беше во ред да љубомори на некој без врска, за некој кој воопшто не ја интересираше. Но ако Оли му стане девојка? Таа и беше сестра а тој бивши... Тоа ја нервираше.

-Росио. - осети нежен допир по рамото и ги отвори очите загледувајќ и се во Пабло. Ја носеше нараквицата која Оли му ја имаше направено.

-Што сакаш? - праша сериозно - Ако ја бараш Оли, таа не е тука.

-
Не ја барам Оли, таа отиде да купи некој работи. -
русокосата преврте со очите - Сакам да зборувам со тебе. Види, Рочи, јас знам дека постапив лошо, но не се каам за ништо. - девојката го гледаше остро, овој разговор и беше потребен но не сакаше да го води.

Повеќе>>
-Се' е во ред Пабло. - повторно си ги стави слушалките.

-Не, не е се' во ред. - и ги извади - Не сакам да се карате меѓу себе. Оли ми е како сестра и секогаш ќе биде, нема да се одалечам од нејзе никогаш...


-
Знам, и не го барам тоа. Сакам само да си искрен. Зошто раскина со мене?

-
Никогаш немавме ништо сериозно за да раскинеме. Не сакам ништо сериозно, не сум способен да имам нешто сериозно. Ти си убава и многу нежна но јас и ти не одговараме заедно. Би биле како убавицата и ѕверот. -
се насмеа.

-Но убавицата и ѕверот завршуваат заедно. - одговори.

-Но оваа не е приказна од бајките, тука не постои магија и јас ќе останам засекогаш ѕвер. Имавме убави моменти но ништо повеќе. - Рочи ја наведна главата натажено - Јас не ги почитувам луѓето кои ме сакаат, идиот сум, а ти заслужуваш повеќе. Не сакам да ја гледаш сестра ти како причина зошто нашето не успеа. Ро, таа ми е единстветна светлина во најмрачните моменти. Ме разбираш? Оли и Пабло не одат како пар. - таа се насмеа - Не е можно човек да не те сака, затоа не давај овој идиот да ти ги скрати крилјата, заслужуваш повеќе. - ја поздрави со нежен бакнеж во челото.

-Ехем, ехем - еден глас ги прекина - Се извинувам што пречам но морам да зборувам со тебе. - Оливија Атиас му зборуваше на Пабло.

-Оли сакам да зборувам со тебе. Можеш да почекаш една секунда? - замоли Рочи од седиштето.

-Зафатена сум. - не ја ни погледна, но Пабло ја натера да се сврте и обрне внимание.

-Види Оли, јас знам дека се однесував како идиотка и дека те повредив без да заслужиш, но има работи кој некој ги кажува без да мисли на последците. - очите со боја на мед се наполнија со солзи - Прости ми за се' што ти кажав, знам дека Пабло е твојот најдобар пријател и дека не е идиот како што реков, знам бидејќи го познавам, само беше едно недоразбирање. - Оли ги гледаше двајцата збунето - Но сега се' разјаснето така?

-
Така. -
кимна тој смеејќи се.

-Стоп! Се случи нешто меѓу вас? - праша станувајќи - Не сум глупава, затоа не ми негирајте.

-
Нема да ти негирам, имавме добри моменти но веќе завршија. - одговори сестра и..

-Ах, затоа беше налутена, добро е што се разјасни. Овој идиот и јас сме само пијатели и ништо повеќе. Истото го разјаснив со Химе пред малку, која те бара за да се поздравите. - му кажа на Пабло кој кимна и ги остави да зборуваат како сестра со сестра. Оли повторно седна - Види Ро, јас те познавам и те поддржувам во се', но што и да ти кажал Пабло, ако се однесуваше на тоа дека не сака ништо сериозно. Јас него го поддржувам. И не е поради тоа што не бевте убав пар, туку бидејќи тој минува низ лош период - покажувајќи кон предниот дел на автобусот - и плус тој е дете во тело на маж и не сакам да те повреди, можеби во иднина....

-
Не -
кажа сестра и - кога можеше не бидна. Сега знам кој сум и што сакам. А Пабло секогаш ќе биде еден убав спомен и можеби добар пријател. - одговори.

-Совршен пријател е, како домашно милениче. - ја насмеа - Те сакам Ро...најважна си ми заедно со Еу и Еми.

-
I know, I know-
Еухе се појави од позади со мразот во рака - знам дека не можете да не ме сакате - трите се насмеа, а откако и го стави мразот на ногата се гушнаа - засекогаш заедно.

0 коментари:

Post a Comment