May 9, 2015

Епизода 16: Не се сите богаташи исти


-Побрзај влечко - Даки го извади од памет - Канде веќе е во автобусот, а ти уште не си ја испушил цигарaта. - го турна полека и се упати кон продавачот. - Здраво, сакам помфрит, голема Миринда, пет мастики, три јогуртчиња и цигари без филтер. - типот ја погледна зачудено и почна да и ги дава нарачките.

-Додека купуваш ќе одам да ги потпишам документите. - рече Бенха и ја премина улицата додека Даки го гледаше изненадено поради неговото однесување.

-Ах и додај две чоколади, да од тие големите. - му рече на продавачот.

-Многу храна, за толку мал стомак. - еден глас ја натера да се сврти.

-Голема уста, за толку малку заби - се насмеа и се сврте да ги плати работите - овде сите се мешаат во туѓите работи? - го праша продавачот, покажувајки кон типот позади нејзе.

Повеќе>>
-Така изгледа, русокосиот со кој разговараше го направи истото со една девојка - се насмеа давајќи и ја сметката. „Го одбиле“ помисли Даки, сигурно затоа се однесуваше така. - Сакаш уште нешто? - праша продавачот.

-Не, ништо, брат ми коњот и мајмунот од братучедка јадат премногу. 0 се насмеа и плати.


-Имаш цела зоолошка? - типот повторно се вмеша.


-Не можеш да прекинеш да слушаш што зборувам? - се сврте и нејзините очи светнаа во наочарите на насмеаниот тип.


-Колку си намќореста, јас само сакав да ми зборуваш. - призна смеејќи се - Агустин. - се приближи за да ја бакне во образот во истиот момент кога и таа го правеше истото на истата страна. Даниела беше таа која успеаа да запре пред нивните усти да се судрат. Го сврте другиот образ и можеа да се поздрават како луѓе.


-Даниела Арана, мило ми е. - му се насмеа. Природна, симпатична и убава. Совршена е.


-Одиш на летниот камп? - таа климна и си ги собра работите правејќи место за да може он да купува. - Сакам две газирани води и четири аспирина. Имате? - продавачот климна - И голем помфрит ве молам. - го извади новчаникот и плати, а потоа ја погледна убавата девојка која го чекаше. Учиш во Рокланд?

-
Не, имам 21. -
Агустин кимна љубопитно. - Ќе бидам професорка по ликовно.

-
Аххх воопшто не изгледаш на таа возраст, а ниту пак како професорка. -
ја погледна од горе до доле. Беше прекрасна.

-И добро. Ќе се навикнеш. Плус во галеријата во кампот ќе ги изложувате вашите дела, а парите од продадените дела ќе одат во хуманитарни цели. - му кажа додека влегуваа во автобусот.

-Колку убаво, не ми личи многу на стилот на богатите. - иако не беше, тој ги познаваше нив, барем мислеше дека ги познава богатите.

-Не сме сите исти, не треба да судиш по изгледот, јас сум исто така богата па идеата беше моја. - и пред да му даде време за да одговори влезе во автобусот.


-Мраз, мраз, мраз - русокоса со кратка коса го пребаруваше камионот.

-Можам да ти помогнам? - девојката се преплаши и ја удри главата.

-Ауч, Гастон ме исплаши.

-Извини, дојдов да барам мраз и те видов збунета. 

-
И јас барам мраз...

-
За Рочи. - рекоа во исто време и се насмеа.

-Да, глуждот многу и отече. - му кажа додека ги претураа работите.

-Навистина? Мислев дека преувеличува. - призна.

-Сестра ми не празноглава како сите девојки што ги имаш запознаено Гастон. - тој ја гледаше збунето - Таа е посебна, само што се запознавте на многу чуден....начин...

-
Знам дека е посебна, го видов тоа во нејзините очи. Трите сте многу посебни. - и даде комплимент кој можеби звучеше претерано - Мислев на тоа дека секоја личност е посебна на свој начин. Но вие ја имате истата нежност во погледот. Рочи плус има насмевка која ти го одзема воздухот, ти имаш неверојатно тело, а Оливија, не знам само што ја запознав…

-
Оли е премногу талентирана, ќе видиш и самиот на твоите часови. Само не и кажувај дека сум ти кажала. - 
му намигна - Еве го! - извади ќеса со мраз - Одиме?

-
Одиме....


-
Гастон, многу беа убави зборовите за нас трите ама мислам дека не треба вака да им зборуваш на ученичките сите ќе се заљубат во тебе. - 
се насмеа и тргна кон автобусот. Русокосиот сакаше да ја следи но стана дел од прегратка која не беше за него.

0 коментари:

Post a Comment