May 5, 2015

Епизода 15: Збогување


Да зборуваш цело време на месенџер не беше исто како кога ќе ја потпреш твојата глава на неговото рамо. И се допаѓаше да ја става главата на неговиот врат да го мириса неговиот мирис.

-Ме убиваш Оли. - нејзиниот најдобар другар одвај дишеше - што јадеш толку што ти дава толкава сила?

-
Извини, ама се немаме видено одамна -
го баци во образот - ти фалев?

-
Премногу - ја гушна - имам да ти кажувам толку многу, но прво оди пријави се и купи нешто за по пат.
-Сигурно?

-
Сигурно, имаме шест долги часа за зборување. -
се насмеа очекувајќи дека ја убеди.

-Не ти верувам, но добро бидејќи сум гладна. Одам и се враќам одма па ќе ми раскажеш.  Проверија ташната што е горе.

Повеќе>>
Се симна набрзина, поминувајќи покрај глуждот на Росио без да ја погледне. Уште и беше лута поради претходниот коментар. Дојде до кај мајка и се удри во најголемиот грб што некогаш го видела.

Застана позади него и примети дека неговиот грб е голем колку две Оливии. Го анализираше од горе до доле и тамам кога стигна до неговиот задник тој се сврте и и го одзема здивот..

Беше малку повисок од неа но поширок. Неговите развиени раце без проблем би можеле да ја скршат на половина. Беше кратко шишан и носеше кожна јакна. Носеше црни фармерки и полициски наочари, но тоа што највеќе ја привлече беше неговата насмевка.

-Здраво, ученичке - ја поздрави многу формално - јас сум вашиот нов професор по спорт и телесна експресија - силно и ја стисна раката.

-Задоволството е мое, професоре - се уште беше во шок од тоа колку беше згоден измешано со сериозноста која не одговараше на неговата насмевка.

-Хаа, се зафркавамм Јас сум Нико, професорот со добар однос. - и намигна без да ги извади наочарите.

-Јас сум Оливија....Оливија Атиас - се насмеа нервозно. Професорот се шеташе околу нејзе и виде дека очите му беа црвени.  - Добро сте професоре?

-Да, да. Се' е супер. Мило ми е Оливија, се надевам дека ќе ти се допаднат моите предавање, како и професорот така? - зборуваше толку брзо што ја бунеше. Типот или беше хиперактивен или издрогиран, се надеваше дека е првото.

-Еххх, ќе одам да купувам...- покажа кон рацете кои се уште им се држеа. Нико брзо ја пушти и се насмеа.

- Никогаш повеќе нема да си ја измијам раката - се пошегува одејќи кон автобусот.

Беше згоден од глава до пети, личеше како манекените од списанија. Но беше многу див, а тоа не и се допаѓаше. Но важното беше дека ќе има згоден професорот на кампот со кој не сакаше повторно зборува. Тој ја плашеше

Се доближи на групата која ја опколуваше мајка и. Се обиде да се доближи уште повеќе но не успеа. Реши да оди до трафиката за да си купи нешто за по пат, но застана кога ја виде Химена како разговара со еден русокос. Одамна ја немаше видено мајката на својот најдобар другар, така што се приближи за да се поздрави.

-Химе! - се појави од позади Гастон.

-Оли, како си драга?

-
Добро, само што го видов Пабло. Ти како си? -
ја погледна од глава до пети и виде нешто чудно. Таа веќе не личеше на Химена Акарди, успешната бизнисменка, сега личеше повеќе на зомби со шминка. - Добра си?

-
Да, добро сум, се спремаме со Нико за нашиот одмор. - и одговори малку уморно - Да ти го претставам мојот најстар син, Гастон.

-
Здраво -
ја поздрави со бакнеж во образот - мило ми е, Оливија така? Брат ми многу зборува за тебе. - ја накоси главата смеејќи, како да сакаше да праша дали има нешто помеѓу неа и брат и.

-Оливија, да. Оливија Атиас. - се насмеа - И јас исто така зборувам многу за мојот најдобар пријател. - кажа.

-Уште една Атиас? Колку сестри сте? - Оли се вцрвене.

-Три сме, и мислам дека веќе ја запозна Рочи. Видов како се судривте

-Ах да, насмевки и нашиот пад - ги крена рамениците смеејки се - треба да и најдам мраз, знаеш каде има?

-
Да, ги гледаш тие црни камиони на крајот? - тој кимна - Таму се сите пијалалци, мислам дека би требало таму да има.

-
Ти благодарам. - се насмеа - Мамо, се поздравувам сега со тебе бидејќи после нема да се видиме. Те сакам, чувај се и однесувај се лошо во Мајами. - ги крена веѓите шегувајќи се.

-Чао бебе мое, ти однесувај се добро, доста лудуваше во Лондон овие две години. - се насмеа потсетувајќи го колку пати го спаси од затвор.

-Минатото е минато. Те сакам. - ја баци во чело и отиде по мраз - Се гледаме во автобус. - и рече на Оливија и се оддалечи.

-Не знаев дека имаш постар син, сум чула за него ама не го познавав.

-
Живееше две години во Лондон, а не беа многу блиски со Пабло. -
кажа Химена.

-Сигурно си добра? Извини што инсистирам но бледа си. - Химе се насмеа нервозно.

-Уморна сум. само тоа. - ја погали по главата - Чувај ми го Пабло, знам колку го сакаш, знам дека сте само пријатели, но на него му треба љубов. - русокосата внимателно ја слушаше - И ако ти не можеш да му ја дадеш, помогни му да најде некоја која ќе може.

-
Ми звучи како последно збогум. - кажа - Но верувај ми, го сакам најдоброто за него. - се насмеа нежно.

-Благодарна сум ти од срце. - ја гушна - Сега морам да се збогувам со останатите. - мислеше на Пабло и Мери - Се гледаме некој ден. - ја баци во образот и тргна накај автобусот.

-Се гледаме Химе - ја гледаше додека не се качи во автобусот. И тогаш ги спои работите. Пабло беше тажен, сакаше да зборува со нејзе, Химе бледа и кревка, Гастон е вратен дома после две години во Лондон, тие не зборуваат меѓусебно. Секако! Тие се мразат и сигурно затоа Пабло е тажен. - Ќе мораш да ми објасниш некои работи Пабло Андрес...

0 коментари:

Post a Comment