-Здраво, Еми - Канде ја поздрави русокосата - ова е мојата братучетка Даниела Аран и
Бенхамин кој исто така ќе е професор, остава некои работи и ќе дојде. - русокосата
и го возврати поздравот и и даде да потпише некои документи. Даки исто така
потпиша некои документи и зема книги кои ќе и бидат потребни за часовите.
Канде погледна наоколу за да го најде Бенха и ја виде Мери која се движеше директно кон неа. Стомакот и се преврте исто како и на тринаесет години и се насмеа нервозно. Високата русокоса го направи истото и засрамено помина покрај нејзе.
Иако во едно далечно минато беа најдобри пријателки, сега реалноста беше многу различна и нивната врска се базираше на насмевки од далеку.
Мариа брзо се качи по скалите не обрнувајќи внимание на никого. Таа само сакаше да избега од Кандела и од сините очи во нејзината глава. Го чувствуваше неговиот поглед од позади и сакаше да избега од него.
Повеќе>>
-Љубов!
- го поздрави Меме, кој веќе ја чекаше со две резервирани седишта.
-Здраво убавице, дојди седни тука. - и го отстапи местото до прозорецот и почна да и зборува за забавата за крајот на годината. Но таа всушност не го слушаше. Потврдуваше со главата. но мислите и бегаа кон убавиот русокос од трафиката.
Полека ја сврте главата кон него и го виде како купува нешто заедно со една црнокоса со слични очи како неговите. Нормално беше дека згоден тип како него ќе има некоја. Воздивна и потпре главата на рамото на својот дечко. Животот на Мариа дел Серо веќе беше совршен, не и требаше ништо, ни никој.
-Ќе одам да го побарам Бенха, ти влези Канделон. - и ја подаде ташната и отиде да го бара брат и.
-Канделита - од далеку ја викна гласот на Долорес - дојдов да се поздрава, Господинот Бенхамин веќе растовари се... - нејзината слугинка од секогаш и беше повеќе како мајка.
-Доло, чувај се многу. - ја гушна силно. - Секоја ноќ вклучувај го алармот и не им давај слободни денови на чуварите. Не ризикувај и праќај го Вили да купува. - сето тоа море од предупредувања беше затоа што Долорес вреуваше на секого.
-Не се грижете, вие исто така чувајте се, однесувајте се убаво и уживајте - ја погали по образот. - Многу ве сакам. - ја баци нежно во челото и тргна да си оди.
-Доло! - таа полека се сврте - И јас те сакам многу! - смеејќи се и прати бакнеж и влезе во автобусот.
Беше невозможно да не го види повредениот глужд на Росио и кога ја поздрави дозна дека се сопнала од некој од новите професори. Потоа отиде позади и ја поздрави Оли, исто и Пабло, со кој беше во добри односи. Се качи на вториот кат седнувајќи на првите седишта.

0 коментари:
Post a Comment