Имаа се' спремено за да тргнат на
познатиот камп. Даки и Бенха не ги ни извадија куферите од колата, појадуваа и
и помогнаа на слабичката да се спакува. Мораше да го трпи братучед и кога и
велеше дека е богаташка, а таа му велеше „сакам да се заљубиш во некоја
богаташка и да си го гризнеш јазикот“. Па конечно тргнаа кон Тигре.
Кога стигнаа, ја поминаа улицата а Бенха и Долорес ги товареа куферите во автобусот.
Кога стигнаа, ја поминаа улицата а Бенха и Долорес ги товареа куферите во автобусот.
-Јавете ми се кога ќе стигнете. И чувајте
ми ја Кандела - го замоли
синоокиот. - Иако е секогаш насмеана и
смирена, си има свои лоши моменти, вие ќе и бидете единствената фамилија таму,
ве молам чувајте ја. - повторно замоли слугинката.
-Смири се Доло, јас ќе ја чувам цело лето. Нема толку лесно да се отараси од лудите братучеди. - двајцата се насмеа и гушнаа.
-Смири се Доло, јас ќе ја чувам цело лето. Нема толку лесно да се отараси од лудите братучеди. - двајцата се насмеа и гушнаа.
-Добро, ќе одам да се поздравам со девојките и да разговарам нешто со координаторката. - тој потврди - и вие чувајте се, немојте да се вратите сменет, вака сте совршен. - го штипна по образите.
Повеќе >>
Се движеше полека со рацете во џеб. Носеше жолта рамбовка и зелени панталони, и
патиките исто така беа жолти. Од далеку изгледаше на згоден тип облечен како
кловн, но ако погледнеш поубаво ќе сфатиш дека е тип со многу стил. Не е од
типот на луѓе што сакаш да го запознаеш со твоите туку со кој сакаш да го
прошеташ светот само со ранец и гитара.
Застана во редицата пред трафиката одма позади една русокоса. Од позади изгледаше на модел излезен од модно списание. Не дека он ги читаше тие списанија, но можеше лесно да препознае еден модел. Висока, слаба, русокоса и со убаво лице.
Застана во редицата пред трафиката одма позади една русокоса. Од позади изгледаше на модел излезен од модно списание. Не дека он ги читаше тие списанија, но можеше лесно да препознае еден модел. Висока, слаба, русокоса и со убаво лице.
Токму тогаш Мери ја купи негазираната вода, чоколатцето и нејзината мастика. Се поздрави со продавачот и се сврте наеднаш. Сеуште се немаше пријавено кај Еми, а не сакаше да го остави Меме да чека. Но се удри во цврстото тело на русокосиот со сини очи и преубава насмевка.
-Извини! - си ја покри устата засрамено - Не те видов. - си извини учтиво.
-Не се грижи. Те повредив? - таа се насмеа - Зошто се смееш?
-Беше благ удар, нема да се распаднам.
-Од што си толку слаба мислев дека ќе се распаднеш - исто така се насмеа, но запре кога виде дека таа не му се придружи - мислам...изгледаш преубаво - ја погледна од горе до доле - убава слабичка си - и даде комплимент.
-Ех...добро, јас морам да одам.
-Чекај! Извини ако направив да ти биде некомотно. - ја фати за рака - Јас сум Бенхамин.
-Мариа - го поздрави за рака набрзински - ...морам да одам - и оставајќи го тргна кон автобусите.
Бенха ја гледаше целиот пат. Ја виде како ја поздравува својата братучедка, како се пријавува кај Еми и како се качува во автобусот во средина. Се качи до половината на вториот кат, кога се сретна со високо црнокосо момче кое ја баци во уста. Беше очекувано да има дечко, девојка како неа, убава и симпатична, не беше можно да нема дечко. Се сврте со крената веѓа и си купи цигари и кока-кола.

0 коментари:
Post a Comment