April 21, 2015

Епизода 8: Сеќавања од минатото


‘Се' си има своја цена’ помисли смеејќи се.
Застаната позади црвеното ферари на татко и, чекаше тој и механичарот да ја напуштат колата за да го изврши својот план. Всушност таа не знаеше што правеа татко и и механичарот. Не знаеше, а не ја ни интересираше, денеска беше познатата забава во Лас Вегас и и престојуваше долг пат од Лос Анџелес. Додека го чекаше вистинскиот момент за напад се сеќаваше на последната авантура со синото ауди на мајка и....
Повеќе>>
*Од минатото...*

-Јас мислам дека треба да успориш малку, возиш премногу брзо. - уништувачот на забави, Паула, предложи од задното седиште.
-Јас велам да заќутиш! - прговори Лали - Белу, ти реков да не ја каниш...- кажа изнервирано.

- Извини, но ни требаа лажни лични карти, за да влеземе во диското и таа ги имаше. - зборуваше како да Паула не беше таму.
- Ако толку ви сметам, веднаш ќе се симнам! - ја отвори вратата иако колата сеуште се движеше.
- Застани! - викна Белу, плашејќ ја црнокосата која возеше.
- Што се случи!? - запре нагло, вртејќи ја колата и застанувајќи на средина на автопатот.

Немаше време за ништо, кога го осетија ударот од другата кола. И така заврши славењето на последниот ден од одморот, за трите, односно четирите, пријателки. Паула, беше нервозна, Белу продолжуваше да вика, Калу спиеше од премногу алкохол, а што правеше црнокосата? Таа се смееше. Дали поради алкохолот, адреналиниот или поради тоа што ништо не сфаќаше сериозно, таа само се смееше. Не се плашеше од ништо, нејзините родители ја одгледаа да биде над сите. Таа едноставно беше....размазена.

*Крај*

Механичарот и татко и излегоа од гаражата и го притиснаа копчето за затварање на вратата. Со голема брзина ја отвори вратата на совозачот, преку копијата од клучевите што ја направи вчера. Беше толку брза што пред да се затвори вратата од гаражата таа веќе излезе со колата.

Ги стави своите „Реј Бан“, го симна покривот и погледна насмеано во ретровизорот. Пред палатата беа Николас, татко и и Ехенија, мајка и. Татко и го шутна тркалото што беше пред него, а мајка и негираше со главата смеејќи се. Лали и прати бакнеж од далеку, а таа и одговори со фаца со која сакаше да каже „ужвај додека можеш“.

Позади мајка и излегоа плус тројца мажи. Највисокиот беше Викторио, најстариот ДеАлесандро, кој се смееше поради сестра му. Беше црномањест, кафена коса и зелени очи. Нежна насмевка. Од кога Лали знаеше за себе, Вико беше нарцис, а девојките паѓаа пред неговите очи. Тој беше еден од главните кога бегаа од дома за да се забавуваат. Неговиот мотор го носеше секаде, дури и на забранетите трки.

До него беше Хуан Педро, „добриот близнак“, како што го викаше Лали. Го делеше со Вико истиот роденден, истиот хороскопски знак. Но ништо повеќе. Питер беше повеќе интровертен, сакаше да чита и да слуша музика, но тој го правеше тоа на друг начин. Тој беше ди-џеј. Велеше дека никогаш не оди да се забавува, само да работи. Мариана инсистираше да ужива во предностите што ги има како ди-џеј, но него го интересираше само да работи. Беше скоро на иста висина како и Вико и исто така ги имаа истите зелени очи. Но за разлика од неговиот брат не беше црномањест ниту пак имаше кратка коса. Имаше долга коса до рамена и брада од околу еден месец.

Заедно со близнаците ДеАлесандро беше и дедото. Подобро кажано „нене“ како што сакаше да го викаат. Според него „нене“ доаѓаше од „Не, не, не сакам да сум дедо“. Алехо Тобал, беше среќата во таа палата, тој секогаш имаше нешто ново да каже. Живееше со фамилијата на својата ќерка Еухенија и нејзиниот втор маж. Порано таа беше омажена со Раул ДеАлесандро, таткото на близнаците, години по неговата смрт таа го запозна Николас, во кој се заљуби. Се земаа неколку месеци од кога се запознаа у следната година се роди искрата на фамилијата....Лали. Алехо ја нарекуваше „насмеано мајмунче“ и таа беше неговите очи. Ако Лали сакаше да го удри и дозволуваше, ако сакаше да го јава по грбот како коњ, го јаваше. По смртта на неговата сопруга, Алехо живееше само за внуците и иако сите си имаа проблемчиња, дедото секогаш ги криеше....особено малечката која го возеше ферарито на Николас. Поради таа малечка стануваше од креветот.

Иако фамилијата и беше малку чудна, ги сакаше со целото свое срце. За нејзиниот „нене“ беше способна да се ишиша ќелава без да се жали, тој секогаш ја поддржуваше да го следи својот инстинкт и да биде различна. Како што и велеше секогаш „животот е еден и мора да се живее во целост“. Исто така тука беа нејзините сакани близнаци, кои секогаш ја чуваа како да беше принцеза. Вико беше љубоморниот, а Пит советникот. Потоа тука беа нејзините родители кои и покрај сите лоши работи беа заедно.

Такви беа ДеАлесандро - Тобал - Кабре. По двајца од секаде. Близнаците го држеа во живот презимето на татко им, ДеАлесандро. Мајка и и дедо и го чуваа презимето Тобал, додека она и татко и го делеа Кабре. А токму со него имаше највеќе проблеми, бидејќи беа исти. Единствени, смешни и многу импулсивни па затоа кога ќе се судреа многу се караа.

Го зема мобилниот и се јави на татко и.

-Hello Кабре - кажа со потсмев. Ова беше нов импулс каде што го победи. Тој ја предизвика да му избега, а таа тоа го правеше пред него. - повторно те победив... - викна смеејќи се - не ме чекајте за вечера - но пред да спушти, гласот на татко и ја прекина.

-Пет...четири...три- почна да одбројува исмевајќи ја - два..еден.. изгледа дека не ме победи- се насмеа додека гледаше како ферарито застануваше. Црнокосата стискаше со сета сила на гасот, но ништо не се случуваше - ставивме копче за гасење, ќе мора да ја буткаш колата до дома - почна да се смее како и сите од семејството.

Лали ја удри главата во воланот и викна нервозно. Во ред, овој пат изгуби, но тоа беше само една битка. Излезе изнервирана од колата, спремна да се врати дома, додека еден црн Мерцедес и свирна од спротива. Да! После се' пак ќе се забавува и тоа со Макси. Повторно му сврте на татко и.

-Реалноста е дека никогаш не можеш да ме победиш....не ме чекајте за вечера. - се насмеа и го имитираше истиот глас на татко и. Спушти и влезе во колата на Макси.  Од далеку се слушаа викотниците на татко и смеата на браќата. За Мариана Кабре, дефинитивно овие беа најинтересните моменти од нејзиниот ден.

0 коментари:

Post a Comment