Стигна на железничката станица во Тигре и
се движеше полека, без насмевката која го карактеризираше. Не се движеше како
фраер, ниту ги спушташе наочарите за да погледне некоја згодна девојка. Сега
Нико леташе со мислите на друга страна, кон минатото.
-Man! ¡¡Eј man!!- гласот на Агус го прекина - Што ти е, bro?- го удри по рамото смеејќи се.
-Man! ¡¡Eј man!!- гласот на Агус го прекина - Што ти е, bro?- го удри по рамото смеејќи се.
Црнокосиот носеше ранец на едното рамо. Беше облечен во фармерки и црвена рамбовка, имаше слични наочари како на Нико и црвена трака која му ја држеше прилично долгата коса. Најверојатно црвенaта беше неговата омилена боја, бидејќи носеше Конверс во истата боја. Од далеку изгледаше многу згодно, и од блиску исто, но исто така можеше да се види дека облеката му е стара.
Повеќе>>
-Ништо, ништо...само сакам овие два месеца да летнат. - воздивна поминувајќи си со раката по главата.
-Ќелав!!! - го гушна триејќи го по главата и смеејќи се - За малку немаше да те познаам без периката. Добро ти стои. Многу хидроген те правеше луд. - дополни движејќи се надвор од станицата.
-Многу си смешен. И ти треба да се ишишаш, не ти се гледаат ни очите. - сега беше негов ред да го бушави во косата - Дојди кон аголот.
-Зошто? - праша несигурно - Немој да ми кажеш дека...
-Да, потребно ми е. Но само за денес. - одговори низ заби, движејќи се побрзо.
-Ова го слушам веќе една година, мислев дека го остави, и го вети на мама. - ги прекрсти рацете гледајќи го како се движи кон аголот.
-Да и ветив, но не и кажав точно кога ќе прекинам. - се насмеа додека помина со јазикот по крајот на хартивчето.
-Уште и се смееш...ако дознае Химе - не успеа да ја доврши реченицата, кога русокосиот го фати за рамбовката - Нема да кажам ништо! Брат сум ти...но се уништуваш, за твое добро е, Нико! - му ја оттргна раката- Добро, прави што сакаш, јас одам да купам нешто за по пат, ќе се најдеме кај знамето за петнаесет минути. - рече.
-Ок, oк, остави ме на раат сега, сакам да се опуштам...
-Секако, но не се опуштај многу за да не те примети твојата нова шефица ех - Агус повеќе личеше како негов татко понекогаш отколку брат.
Агус повторно тргна кон железничката станица изненаден од однесувањето на неговиот другар. Многу пати му имаше ветено дека ќе се откаже од дрогата за тој да не каже на Химена, но тоа никогаш не се случи. Можеби ќе ја остави само кога таа ќе го натера. Русокосата беше единствената жена која „пукер“ ја почитуваше и ако покрај тоа го изгуби својот пријател, тој мораше да и каже. Сега за сега ќе му даде нова шанса, имаше мала искра на надеж за тој камп. Камо да има и за него.
Тоа што не беше богат му беше товар уште како мал. Да живееш во сенка на русокосиот, со пари и девојки, беше вистинска карма која ја издржуваше само затоа што му беше навистина другар. Но ако можеше да смени нешто во својот живот, сигурно би посакал да се роди богат...или сиромашен како што и беше, но далеку од богатите и нивниот свет. Единственото бегство во овој момент беше да оди на тој камп, да го спаси својот пријател и да се спаси себе си. Да ги покаже своите способности, и да добие стипендија за да влезе во Рокланд, да ја избави својата мајка од мизерјата и да ја промени историјата на своето семејство. Неговите деца нема да ја живеаат оваа сурова реалност.

0 коментари:
Post a Comment