April 19, 2015

Епизода 6: Љубов и други дроги


Звукот беше напорен. Барем така мислеше девојката со големи гради, кога се разбуди. Русокосиот со виткана коса и зелен поглед не беше покрај нејзе, па затоа Свити, како што беше позната наоколу, стана наеднаш. Платата ја немаше никаде па затоа тргна кон напорниот звук.

-Те разбудив? Жал ми е, но забавата заврши. - русокос со кратка коса се насмеа - Платата ти е во ташна, сега оди си. - кажа сериозна без да се сврти.

Беше толку суров што успеа да ја повреди и личноста која цело време е во вакви ситуации. Тоа беше нејзина работа и не требаше да се навреди, но русокосиот беше исклучок. Убав, згоден, зелени очи, забавен, енергичен и со пари. Што уште фали за да се заљубиш? И плус со него го имаше најдобриот секс. Совршен.

-Еј! Оди си...- пукна со прстите и повторно ја вклучи машинката за да си го досреди новиот изглед.

Девојката, уште една во низата, излезе со спуштена глава и многу пари во ташната. Штиклите во рака и достоинството на подот. Стоп! Имаше ли таа достоинство!?

Повеќе >>

Беше петок!! Но овој не беше обичен петок, денеска конечно неговиот живот ќе се смени. Сите пари што ги трошеше на проститутки и клубови, беа одземени од неговата мајка додека не покаже дека може да биде одговорен.

Со парите што ги собра откако го продаде својот мотор, можеше да преживее два месеца на досаден летен камп. Но зошто да помине едно забавно лето кога може да биде затворен со размазени деца? Така ќе и покаже на мајка му дека може да верува во него за да му даде дупло од што му дава. И после ќе се качи на авион за Колумбија и ќе го остави ова срање далеку.

Од друга страна промената доаѓаше со шишањето на косата, од пред пет години се немаше ишишано, но ако веќе глумеше одговорен мораше тоа да е целосно. Ќе глуми срамежлив, интровертен, тивок, скоро како нем. Кој не може да остане тивок два месеца само за да си ја заработи слободата?

Николас Риера, млад наследник на многу фирми во Аргентина. Сместен во Пуерто Мадеро, бивши ученик на Рокланд и актуелен професор на летниот камп. Со своите самошто наполнети 21 година има многу искуство за скоро сите боречки вештини, така што ќе биде добар во улогата професор на најкремскиот летен камп во Аргентина.

Русокосиот се насмеа кога виде како изгледа. Беше скоро ќелав и му се допаѓаше „Требаше да го направам ова одамна“ помисли додека со рака си поминуваше по главата. Се истушира, стави малку парфем, облече црни боксерки, па црни фармерки, зелена маица која му одговараше на очите. Сакаше да биде најзгодниот и недопирлив. Облече патики со зелени шари, ги зема своите „полициски“ наочари и кожната јакна која толку ја сакаше. Направи еден круг пред огледалото и се насема. Можеби нема да е многу лесно да биде тивкиот професор...

-Образи? How are U man?- се насмеа, исто како и неговиот пријател преку телефонот - Тука е се' супер Каде си?...Излези од таму, лошото расположение на мајка ми е заразно. - повторно се насмеа излегувајќи од метрото - Сега? Излегувам од метрото, одам кон Тигре - одговори - да, од таму трга автобусот. Во 12 на пладне. Се' е спремно, ти доаѓаш така? - туркајќи неколку луѓе се качи во возот - Супер! Тогаше ќе се најдеме таму...за 45 минути ќе сум таму. Полека, јас носам пари. - потврди смеејќи се - Навечер планот се менува, ќе избегаме! - бабичката која седеше пред него го гледаше сериозно - Што гледате, госпоѓо? Имам нешто на лицето? - праша без почит и се насмеа - Добро, ќе зборуваме таму. Да, да, носам се! Ајде се гледаме. Чао. - спушти и беше невозможно да не се сети на денот кога го запозна Агус.

Имаше само пет години кога татко му почина, колку што се сеќаваше, човекот супер, со добар однос, и многу интелигентен. Се викаше Николас Кабре и се родил сиромашен - како што и Нико посакуваше да се роди - после многу напор и многу интелигенција, успеа да ја изгради огромната империја која требаше ја наследи русокосиот. Го смени своето презиме во „Риера“ - за да го заборави агресивниот татко - и тоа презиме го даде на својата сопруга и саканиот син. Беше архитект и адвокат, немаше потреба од никого за да опстане на врвот, и самиот си беше одговорен за своите легални активности. Беше женет за Химена Барон и беше многу среќен, двајцата беа. Но падот на приватниот авион во близина на Јапонија, му го скрати животот, а и на нив исто така. Химена прекина да биде веселата и грижлива мајка. Се затвори во својот свет и вработи слугинка која ќе се грижи за малиот Николас. Хулија Калво пристигна во палатата на Риера пред 16 години со својот син кој беше на иста возраст како и Нико. Игнасио Агустин Перез, црнокос со големи образи и многу сладок...откако стапна во куќата знаеше дека ќе му се случат големи работи. Доби брат за кој од секогаш сонувал. „Пукер и Образи“ станаа неразделливи уште од првиот момент.

Ако можеш да го вратиш времето и да прожиевееш еден момент од минатото, кој момент би го избрал? За Николас, одговорот беше јасен. 29ти мај 1994, неговиот четврти роденден, татко му дојде со голема кутија со играчки од која заедно со Николас изградија пруга.

Возот звучеше како да е вистински, а тој не можеше да престане да се смее. Се сеќаваше на секој момент од таа сцена со носталгија, тоа му беше единственото сеќавање на неговиот татко и тажеше тивко бидејќи го немаше покрај себе.

Со затворени очи го продолжи својот пат кон Тигре. Непрекинатиот звук на машината постојано го потсетуваше на неговиот најубав Божиќ, последниот каде што беа сите заедно. Сите беа весели, Химе направи неколку слики, кои сега ги чуваше на таванот заедно со сите работи на нејзиниот маж. Бидејќи тоа беше реалноста, во куќата не се спомнуваше презимето „Кабре“, немаа слики, ни се зборуваше за таткото на Николас. Во куќата не смееа да се прават работи кои би ја ставиле Химе во депресија. Домот веќе не мирисаше на дом,  дома се спиеше само во неделите. Дома, веќе не беше дома.

0 коментари:

Post a Comment