Веќе беше петок! Да! Петок, денот кога доаѓаше нејзината братучетка, со големите сини очи. Таа, која секогаш знаеше што да каже. Таа која успеваше секогаш да и украде насмевка без разлика колку е тажна. Доаѓаше личноста која ја држеше за рака и ја поттурна да успее да го надмине разводот на нејзините родители. После цела една година во Европа, Даки се враќаше.
Од кога знаеше за себе Даниела беше сестрата која таа никогаш ја немаше, секогаш беа заедно. Таа и беше примерот за каква личност да стане во иднина. Таа беше уметност. За Даки не постоеа граници. За Канде, пристигнувањето на Даки исто така беше како да пристигнала пролетта во нејзината душа.
Кога си помал одвај чекаш да пораснеш, но кога веќе си голем не можеш да не погледнеш наназад и да се обидеш да се вратиш во детето кое си бил. Тоа му се случува скоро на секого, но не и на Мариа Кандела Ветрано Вега.
Повеќе >>
Зошто да го врати времето? За да се сети на лошото детство што го имаше? За да се сети на деновите од училиште? За повторно да ги види тие кои си заминаа? Не, минатото тежеше многу и фала му на Бога се' остана таму, во минатото. Далечно и невозможно да се врати.
-Госпоѓице Кандела? - нејзината слугинка се појави на вратата
-Влези, Доло. - се сврте полека. Музиката од јога ја исполнуваше собата. Таа беше седната на подот, врз перница, со прекрстени нозе и кренати раце. Како да сака да фати некоја идеја. Пред нејзе имаше недовршена слика, нацртани беа најубавите пар очи...светло сини како небото. Полни со живот
-Се извинувам што ви пречам. Стигнаа гостите.-
Да си единец е најлошото нешто. Барем во семејството Ветрано. Полошо е да пораѓајот да бил со компликации и мајка ти да не е во можност повторно да има деца. Тоа беа зборовите на бабата на Кандела, кога таа ја праша зошто не ја сака.Ветрано, беа семејство со многу пари, но малку морал. Бабата успеа да роди само две деца, но се спаси кога едното од нив беше машко. Антонио, таткото на Кандела, за разлика од мајка му, не можеше да се извади толку лесно. Ја имаше само црнокосата, а неговата жена остана стерилна после пораѓајот. Од другата страна на семејството беше Хулиета, мајката на Даниела и Бенхамин. Со својот маж, Факундо, успеаа да ја задоволат бабата, иако презимето веќе беше изгубено.
Поради притисокот од семејството, едното дете, лошите односи, не беше тешко да се замисли како ќе заврши врската помеѓу Антонио и Мерцедес, родителите на Канде. Тоа што тој театар траеше цели осум години, беше изненадување бидејќи сите се кладеа против. И можеби звучи ладно, но најблиските се кладеа дека бракот ќе трае по кратко. Но, што се случи со малата принцеза? Дали воопшто некој мислел на неа? Како едно дете може да го надмине разводот на родителите и плус обвинението дека тоа е криво што не може мајката да има повеќе деца?
СО УМЕТНОСТ!! Тоа ја научи Даниела у притоа и го спаси животот.Дефинитвно денот кога нејзините родители се разделија и насекаде имаше викотници, требаше да биде најлош, но не беше. Низ солзи и се јави на Даки, која веднаш дојде и двете направија една добра терапија на самопомош. Пуштија музика на целиот глас додека сликаа низ целата соба. Бидејќи како што се вели, кога си во најтешките моменти од твојот живот тогаш се создаваат најубавите дела. Кои зборуваат сами за себе.

0 коментари:
Post a Comment