-Зошто си буден волку рано? - гласот на Гастон ги прекина неговите мисли. Не погледнувајќи го, ги избриша солзите и стана од столот.
-Не ми се спие. - одговори кратко. Тргна кон кујната по енергетски пијалок.
-Постар брат сум ти, и те познавам.- во последно време русокосиот имаше криза на братство. Го советуваше за девојки и постојано бараше некои теми за разговор без разлика какви се тие теми.
-Знам, ама не е ништо страшно- воздивна потсетувајќи се на претходната ноќ.
Повеќе >>
Откако се поздрави со својата најдобра другарка Оли, го изгасна компјутерот. Ги соблече фармерките, се избања. Му требаше нешто да се напие пред да заспие инаку никогаш немаше да заспие. Пополека се симна за да не разбуди никого и влезе во големата кујна. Сок, кисела вода, вода, бла бла бла, каде се неговите енергетски пијалоци? Ах, позади портокалите. Сигурно Химена ги ставила таму со цел да ги скрие за Пабло да ја намали зависноста. Отвори и почна да пие еден, кога чу неколку гласа. Ја крена веѓата и го остави пијалокот на масата. Внимателно се доближи до вратата и ги виде како плачат гушнати. Тоа беа неговите родители, Химена плачеше додека Николас ја тешеше. „Не е се' изгубено. Погледни ме. Ќе го победиме ова.“ зборуваше брзо и енергично како да сакаше така да ги поправи работите. „Нема повеќе назад, овој проблем е уште од минатотo, знаеме и двајцата.“ За што зборуваат? Химе имаше некаков проблем од минатотo? Од мајка или баба и? Сеќавањето на баба му го удри. „Ракот се проширил и не може да се лекува.“ Со двете раце го фати лицето на Николас и го бакна нежно додека двајцата плачеа. РАК, нана исто така имаше рак? Химена секогаш кажуваше како мајка и страдала од тоа, но никогаш не зборуваше за нејзе. Сега е нејзин ред и нкој не може да и помогне! Не! Ова мора да е грешка! Некако успеа да излезе од скришното место и прозборе „Нана умре од рак, ти имаш рак?“ звучеше послабо од што мислеше дека е. Мајка му го гушна силно. „Ракот е болест која е со генерации во мојата фамилија“ потврди тажно „сега е мој ред, и да мама исто така почина од тоа“ прошепоти. Знаеше што значеше таа за Пабло и колку го повреди заминувањето на нејзината мајка. „НЕ!“ викна одалечувајќи се од неа. Николас го гушна силно и го замоли да не кажува на никој, другите не ја знаеа вистината. „Сине, сине дојди.“ молеше Химена, тој седна до нејзе. „Знаеше дека вие сте ми целиот живот“, Пабло потврди „знам дека имам направено многу грешки, посебно со тебе. Но пробав да ги поправам“. Нејзиното однесување целосно се смени по смртта на нана. „Ми треба да ми простиш за се'“ замоли, „немам што да ти простам, беше најдобрата мајка која некој би ја посакал“ одговори искрено. Иако во првите неколку години беше повеќе блиска со нејзината ќерка, а Николас со својот најстар син, немаше што да им замери. Минатото беше минато, а сега беа пред една претешка ситуација која мораа сите да ја решат. „Толку си убав, секогаш беше посебен, само што тоа го разбрав доцна.“ го погали по образот, „многу те сакам, тебе и твоите браќа. И сакам да ми ветиш две работи, навистина мораш“ тој потврди со страв дека не би можел да ги исполни „да дадеш збор како прав Акарди“ му се закани низ смеа и тој повторно потврди „Во ред, прво сакам да ми ветиш дека секогаш ќе бидеш тој што сакаш да си. Да не се преправаш во некој кој што не си и дека ќе ги исполниш твоите соништа“ слушајќи како зборува дека не би била таму за да го види, го уништуваше. „Второ, дека утре ќе отидеш на летниот камп со твоите браќа и ќе уживаш во овие два месеца. Нема да им кажеш ништо на никого и ќе пробаш да ја процесираш оваа информација“. Можно ли е тоа? Постои копче кое може да избрише некои емоции? „И на крај, сакам да најдеш љубов, и да бидеш среќен од се' срце. Да најдеш некој кој ќе те почитува за тоа што го имаш тука.“ му покажа кон срцето „ и не за тоа што покажуваш дека си....ти си голема личност и не дозволувај таа голема личност да исчезне“. Го гушна и двајцата заплакаа. Пабло се чувствуваше како дете од три години во прегратките на мајка му. Не сакаше да ја изгуби, не сега, не би успеал да преживее ако изгуби уште една важна личност од неговиот живот.
-Ништо страшно? Ха! - го врати во реалноста - изгледаш како зомби! Подочњаци, подникната брадичка, косата ти е насекаде! Што е? Проблем со девојки? - одвај се воздржи да не му каже се' на Гас.
-Гас! Се' е во ред, навистина. Само сум малку нервозен поради кампот.- русокосиот крена веѓа, сомневајќи се -тебе ти е прва работа како професор по музика, моја прва година како капитен на тимот и плус ќе има многу важен турнир. - се извади Пабло.
-Добро, ти признавам дека и јас не спиев многу вчера. Од денеска почнува една нова етапа во оваа фамилија!- се насмеа удирајќи го по рамото. Беше сосема во право, од денес почнува една нова етапа за оваа фамилија.
-Well, ќе одам да се бањам. Кога тргаме?
-Во девет треба да сме во училиштето, така кажа Еми...
-Супер...ах!- викна од купатилото - ќе бидам дел од твојот час, сакам да научам да свирам на гитара- го информира смеејќи се.
-Ми се допаѓа идеата! Ќе видиме колку си талентиран за музика. - се пошегува и замина.
Додека водата ја мокреше неговата коса тој размислуваше колку се' ќе биде тешко. Химена беше на работ на смртта, болна и сигурно без некои опции и единственото што го бараше беше децата да се оддалечат од неа исто како што сакаше и нејзината мајка. Тоа беше точката која го натера да заплаче...нана никогаш не го напуштила бидејќи не го сакала туку бидејќи била болна и не сакала да ја види како умира. НО ЗОШТО СИТЕ ВО ОВАА ПРОКЛЕТА ФАМИЛИЈА БЕГААТ ОД РЕАЛНОСТА!!? Зошто го тераат да живее живот кој не е негов и ја кријат вистината од неговите браќа? Вака или така некогаш мора да дознаат или ќе им речат дека ги напуштила без никаква причина?
0 коментари:
Post a Comment