April 13, 2015

Епизода 2: Ѕвездата од Рокланд


Големиот часовник на плоштадот отчука 6 часот наутро. Едно момче со долга коса и големи подочњаци се шеташе низ својата соба, не можеше да се смири. Сакаше да остане во таа куќа, тоа семејство, со своите проблеми и радости. Но не можеше.

Уште од мал беше различен. „Премногу чувствителен“ зборуваше Николас, неговот татко. „Премногу невин“ мислеше Химена, неговата мајка. „Премногу спор“ му се смееше неговиот постар брат Гастон. „Страшливец“ го критикуваше најмалата во фамилијата, Мариа. Но личноста која секогаш го имаше вистинскиот збор, беше неговата баба. Таа можеше да види преку неговата фасада на тинејџер. Таа можеше да ја види неговата душа, неговата големина како личност. „Тој е мојот личен ангел“ го бранеше од критиките на семејството.

Повеќе >>
Што не му се допаѓаше ни фудбалот или кошарката тоа беше целосна карма за Николас. Бидејќи ни Гастон не беше заинтересиран за спорт, а Мариа да не ја ни спомнуваме. Тоа што не беше најдобар во класот, ја плашеше Химена. „Можеби треба да оди на психолог“, предложи еднаш, загрижена за Пабло, „ме грижи тоа што нема пријатели“. Што е лошо во тоа да имаш имагинарни пријатели? Плус тоа, баба му, му беше доволен пријател.

Но кога имаше десет години се' се смени, „нана“ веќе ја немаше, Гастон имаше девојка и скоро никогаш не беше дома, Мери беше занесена во модните списанија наместо да чита нормални книги за деца. Химена се уште го имаше бутикот па затоа се повеќе се поврзуваше со својата ќерка. А Николас си го живееше својот сон од детството и имаше оформено бенд со стари пријатели. Свиреше и беше главниот пејач во бендот и затоа имаше повеќе теми за разговор со Гас, кои исто така ја сакаше музиката. И плус обожаваше да му дава совети за девојки.

Дефинитивно нана не се враќаше. Таа нема да е тука за да го види Пабло како го доминира баскетот, нема да може да го брани кога некој од населбата ќе го нападне или пак кога Гастон ќе му се исмејува. Нана нема да е тука за да ја брка Мариа кога ќе го задева. Колку и да го боли, нана си отиде засекогаш и по се' изгледаше дека само тој е тажен поради тоа.

Кога наполни десет, процвета, можеше да го фати баскетот кога татко му ќе му го подадеше. Во очите на Николас можеше да се види надеж, можеби Пабло ќе биде спортистот во фамилијата. Имаше десет кога сомотските панталони ги смени со фармерки, единаесет кога почна да ги кине. Веќе немаше кратка коса каква што и се допаѓаше на нана.

На дванаесет се врати поцрн од одмор, беше највисок во класот и долгата црна коса му стоеше прекрасно. Му беа досадни панталоните од училиштето па ги смени со фармерки. Три страни и половина во книгата за забелешки беа испишани со поплаки од професорите. “Не ја пишува домашната“, „Не прекинува да игра со топката на час“, „Не ја користи адекватната униформа на училиштето Рокланд“. Не, не, не! Колку повеќе му забрануваа толку повеќе сакаше да го прави тоа.

На тринаесет години веќе можеше да биде дел од кошаркарската екипа на училиштето, и секако дека се пријави, сакаше неговите родители да бидат горди на него. Не помина многу време за да стане ѕвезда на тимот. Николас беше горд, Химена не прекинуваше да се смее, Мариа веќе не го задеваше, а Гастон го потчукнуваше по рамото кога ќе го видеше. Срамежливото момче на нана можеше да се види само на некои стари фотографии, но дефинитивно Поли си замина заедно со нана. Сега беше Пабло, ѕвездата на Рокланд.

0 коментари:

Post a Comment