April 28, 2015

Епизода 12: Добредојдовте - дел 3


Русокосиот силно ја затвори вратата од колата и се движеше полека со гитари во двете раце. Носеше темни наочари, црна кошула, а под неа бела маица. Темни панталони и црвени патики. Во џебот на кошулата беа неговите цигари и тефтер каде што ги пишуваше своите песни.

Помина покрај првиот автобус и кога одеше покрај вториот автобус, неговите цигари паднаа на земја. Застана и се наведна да ја земе, оставајќи ги куферите и гитарите од страна. Се' се случи набрзина, осети удар од страна и извик, потоа уште еден удар и уште еден извик.

Повеќе >>
-Глупав си или што!? - изнервиран глас викаше до неговото уво. Тој продолжуваше да се држи до местото каде што го удрија. - Како застануваш така? Ме удри! - глупачата не прекинуваше да вика.

-Извини, но и ти мене ме удри. - одговори покажувајќи кон своите ребра. Го крена погледот и се сретна со два пара преубави очи.

Пред него имаше русокоса со пуштена коса, и очи со бои на мед полни со солзи кои го гледаа со омраза. Имаше мал нос и преубава уста,  целата таа анализа ја направи во рок до две секунди, токму пред да добие уште еден удар по рамото.

-Ќе ме кренеш ли барем? Мислам дека го свиткав глуждот кога се сопнав од тебе. - одговори налутено.

-Извини, убавице, но ми падна кутивчето и не те видов - се насмеа и се смири - Гастон Вазкез - и ја подаде раката за да се запознаат.

-Росио Атиас, мило ми е што те запознав на овој начин - одговори нервозно и иронично.

-Задоволството е мое, убавице - кажа давајќи и комплимент. - Каде те боли? - се доближи повеќе до ногата за да и го прегледа глуждот - Тука?

-Ауч! Да, таму. - силно ги затвори очите.

-Отечен ти е...освен ако немаш огромни глуждови - двајцата се насмеаа и се погледнаа - Ќе ти помогнам да се качиш во автобусот, може?

-
Би ти била благодарна…

-
Епа тогаш, ајде. -
стана и и ја подаде раката. Таа ја фати нервозно и стана. Тој ја стави својата рака на нејзината половина и ја крена. - После ќе ја прашам Еми да ми даде мраз за твојот глужд.

-Значи си професор по музика? - кажа и го погледна директно во црните наочари за да ги види неговите очи.

-Да, како знаеш?

-
Бидејќи сум ќерка на Еми...и ги знам сите детали во врска со кампот - одговори не тргајќи го погледот од него.

-Аха, требаше да познаам од презимето. - се насмеа - Добро ќе те оставам тука. - ја спушти полека до седиштето на Еухе - Зраво, јас сум Гастон - ја подаде раката на најстарата Атиас.

-Здраво профе. Еухенија Атиас...ме познавате веќе така? - тој потврди.

-Ќерка на координаторката  сестра на убавицата - покажа кон Рочи - мило ми е, но викај ме Гастон, тоа профе е многу формално....добро девојки морам да одам да потпишам некои работи - ги поздрави и замина.

-
Затворија устата - Еухе беше толку блиску до увото на Ро, што ја исплаши - виде дека е згоден...

-
Прекини! Убав е но е глупав. - Еухе преврте со очите - Види што ми направи на глуждот. - полека ја крена едната ногавица.

-
Ќе одам по мраз. Негаторке.


Се симна од автобусот и виде како доаѓаат сите нејзини соученици. Ова лето очекуваше да запознае некој поинтересен.

-Еу! - еден глас ја викна од далеку.
-Пабло! - се приближи до него и го бакна во образот - Како си?¡

-
Добро, ја барам Оли, ја виде?

-
Да, ти го чува последното седиште во автобусот. Како и секогаш. - преврте со очите - Одам по мраз за Ро...

-
Ау, да, видов како се судрија со Гас, ама изгледа дека се засвиѓаа -
русокосата потврди смеејќи се.

-Но знаеш дека таа не признава ништо, ни чувствата што ги има кон тебе...- прекина затворајќи го едното око, знаеше дека згреши.

-Што? - Пабло ја крена едната веѓа - Што чувствува сестра ти за мене?

-
Ништо! Ништо, само една голема омраза. -
го преувеличи одговорот.

Пвеќе сакаше да биде професионален танчар отколку актерка, бидејќи нервозата ја јадеше. Ако Рочи дознаеше за ова ќе беше тешко нејзе.

-Ах, ме исплаши - ја стави едната рака на градите - од секогаш знаев дека ме мрази, но добро не сум паричка за да ме сакаат сите - двајцата се насмеа - добро одам да ја барам Оли, се гледаме внатре.

-Ајде - почека да замине и си ја стави раката на градите. „Зошто мораше да ја отвориш твојата голема уста Еухенија?“ си искара сама додека одеше кон мајка и.

0 коментари:

Post a Comment