April 26, 2015

Епизода 11: Добредојдовте - дел 2


Гастон размислуваше за тоа дека му треба повеќе трпение, толеранција и самоконтрола. Ова беше неговата прва работа во Аргентина и сакаше да ја искористи во целост, и плус неговите брат и сестра постојано ќе го надгледуваат, па затоа мораше да стане сериозен.  Мариа пак размислуваше за тоа какви ќе бидат сега работите кога е скарана со Еухенија, беше против „барбиките“ , па затоа мораше да направи тактика која ќе ја искористи против нив, инаку ќе биде тешко нејзе. Пабло беше залепен за прозорот гледајќи ги луѓето што поминуваа, но сеуште не можеше да ја процесра информацијата...

После неколку минути стигнаа на местото и ги вадеа куферите од колата.
-Николас Вазкез - длабокиот глас на Мариано Торе го викна од далеку.

-Марианито Торе! - викна поминувајќи ја улицата за да го поздрави.

-Добро, деца извадете ги вие куферите, затоа што татко ви не се враќа повеќе. - се насмеа Химена.

-Мамо, се чувствуваш добро?


-
Да, смири се Пабло. Зборевме за ова вчера. - прошепоти гледајќи на другата страна.

-Добро, тогаш ќе ги извадам куферите. - ја бакна на челото и му помогна на Гастон со куферите.

Ја поминаа улицата и се придружија на редицата на автобуси во потрага по Еми, која требаше да им каже во кој автобус да се качат. Пабло сеуште го имаше тој глас во главата кој му велеше да не оди на кампот, но вети и тоа мораше да го исполни. Ја фати Мери за половина и ја баци на рамото.

-Смири се, ќе бидиме заедено - се насмеа, читајќи ја листата која и ја даде Еми - тука е и твојата Оливија - го подбуцна со лактот од страна а тој преврте со очите - и Еухенија - проговори низ заби.

-Треба да се смирите, глупаво е да се карате за тоа кој е најпопуларен - со двете раце ја фати за главата и и се насмеа нежмно. Сега треба да се соединети повеќе од кога. - најубава си Мери, не се сомневај...

-
Аи, бато ме убиваш од нежност - го гушна и воздивна, можеби само со брат и ќе може да го преживее кампот - многу те сакам, знај го тоа.. - и без да му дозволи да оговори отиде да купи некој работи за по пат.

Тој остана да ја гледа со љубов. Можеби животот му беше никаков, мајка му имаше рак, а татко му беше човек кој не си ги познава децата. Можеби баба му го лажеше и го напушти, но тој ги имаше Мери и Гастон, кои и покрај се', СЕКОГАШ ќе бидат покрај него.

-Пабло, каде е брат ти? - Еми ги прекина неговите мисли - ми треба за да го потпише формуларот.

-
Доаѓа, ги вади гитарите…

0 коментари:

Post a Comment